Поради методологијата на правење на Избирачкиот список, дел граѓани сепак нема да можат да гласаат

Доколку вашата лична карта истекува после 7-ми септември, а пред денот на референдумот 30-ти септември, и немате важечки пасош, тогаш Вашето име го нема во избирачкиот список. Ваквите пропусти се случуваат во повеќе изборни циклуси, за нив алармира и Народниот правобранител и во својот последен извештај од февруари оваа година испратен до надлежните институции. Но изборниот законик не е сменет, а група граѓани останува без право да го исползува своето гласачко право.

Проблемот се појавува поради методологијата за изработка на избирачкиот список, ни потврдија од Државната изборна комисија. Од МВР до ДИК испраѓаат податоци во моментот пред затворање на избирачкиот список и во нив ги нема имињата на сите оние граѓани кои според тогашната ситуација на денот на гласањето ќе имаат истечени и неважечки лични карти и пасош. Тие податоци согласно методологијата се пресликуваат во избирачкиот список и сите што ги нема во податоците на МВР едноставно ги нема и се бришат и од списокот. Без разлика дали тој граѓанин ќе извади лична карта во периодот меѓу затворањето на списокот и отварањето на гласачките места, тој нема право да гласа. Народниот правобранител во својот допис до надлежните предлага решение, но тоа досега не е спроведено иако проблемот се појавува во повеќе изборни циклуси.

„Да се изврши измена и дополнување на Изборниот законик со цел Министерството за внатрешни работи (во натамошниот текст: МВР) до ДИК да доставува извештај по заклучувањето на Избирачкиот список, со податоци за бројот на обновени или целосно нови лични карти, на лица кои во меѓувреме станале полнолетни“, се вели во извештајот.

Овие граѓани доколку извадат лични карти и во итна постапка, која се спроведува пред сите гласања повторно нема да може да гласаат бидејќи ги нема во избирачкиот список. Незадоволни може да пријавата или во канцеларијата на омбудсманот или во останатите набљудувачки организации кои ќе учествуваат во процесот. Од друга страна МВР соопшти дека на сите кои немаат важечки личен докуемнт ќе им издаде лична карта по итна постапка доколку се сликаат до утре до 16:30 часот.

Од МВР соопштија дека се подготвени за референдумот и дека ќе работат по сите пријави со кои се влијае врз гласачкото право.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ