Поради коронавирусот одложени едукативните патувања во Италија

Со одлука на министерката за образование на Грција, Ники Керамеос, се одложуваат сите планирани едукативни патувања во Италија за учениците и студентите, поради коронавирусот.

-По потврдените случаи на коронавирусот во делови од соседната земја и соодветната препорака од Националната организација за јавно здравје, дејствуваме превентивно, ги заштитуваме нашите ученици, студенти и професори од заразниот вирус. Приоритет секогаш е заштитата на граѓаните и јавното здравје на земјата, соопштуваат од Министерството за образование на Грција.

Доцна синоќа, според грчките медиуми, во Министерството за здравство на Грција се одржал вонреден состанок поради последните случувања во Италија и потврдените три смртни случаи.

Било одлучено да не се преземат дополнителни мерки, но и дека не е потребно учениците кои сега се во Италија, по враќањето да бидат ставени во карантин или пак да бидат под надзор.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ