Помпео: НАТО мора да се менува или ќе биде надминато

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Берлин предупреди дека НАТО мора да расте и да се менува или постои разик да биде надминато.

Одговарајќи на прашања на новинарите дали е НАТО застарено или доживелао „мозочен удар“,како што оценува францускиот претседател Емануел Макрон, државниот секретар кажа „дека минаа 70 години…. треба да  расте и да се менува. Треба да се соочи со реалноста и предизвиците на денешнината“.

Доколку земјите сметаат дека можат да имаат безбедносна корист, а на Алијансата да не и пружаат неопходни ресурси, или да не ги почитуваат своите обврски, тогаш постои ризик НАТО да стане неефикасно и застарено, заклучи американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ