Помошникот на Столтенберг, Алваро Гонзалес, е преговарачот од НАТО со Македонија

Техничкиите подготовки за пристапните преговори со НАТО ќе стартуваат во текот на јули. Во Македонија во текот на месецов ќе пристигне првиот тим од НАТО кој заедно со владата ќе ги дефинираат деталите како ќе течат пристапните преговори кои ќе стартуваат на есен. Главен преговарач од страна на НАТО во пристапните преговори ќе биде Алваро Гонзалес, помошник на Генералниот секретар на НАТО за политички прашања. Тимот пак од НАТО за технички подготови за преговорите ќе го предводи Џејмс Мекеј, шефот на одделот за Евроатлантско и глобално партнерство на НАТО.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Македонија

Средба Заев – Пенс: Честитки за одговорната одлука за договор со Грција, догодина заедно ќе го прославиме членството во НАТО

Охрабрувачки пораки за одговорноста и одлучноста при постигнувањето на договорот со Грција упати Потпретседателот на...