Помалите конфекции се под закана да стават клуч

Во текстилната индустрија намален е бројот на вработени од три до пет проценти. Организацијата на рабододавачи и Текстилниот кластер велат дека дел од помалите конфекции веќе се затвараат. Причината за ваквата состојба ја гледаат во миграцијата, но и vo повлекувањето на партнерите.

Стареењето на работната сила, но и демотивираноста на младите да работат во реалниот сектор се поголемите проблеми . Претседателката на Текстилниот кластер, Мирјана Перковска за Телма вели дека подолг период бараат серизна стратегија за равојот на текстилниот сектор. Смета дека државата веќе две години доцни со исполнување на мерката, кои тие ја бараат.

Мерката  за субвенционирање на дел од придонесите требаше да стапи во сила уште пред две години во моментот кога ја бараше текстилниот сектор, затоа што сега нема да го даде истиот ефект, вели Миријана Перковска претседател на Текстилен кластер

Кластерот и Организацијата на работодавачи сметаат дека дел од проблемите можат да се решат со вложување во процесот на производство.

Текстилството  оди по надолна линија,  заедно со кожарската индустрија сочинуваат околу  20 проценти од вработените во државата.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ