Полска пресилна за нашите фудбалери: Пласман на ЕП е невозможна мисија (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација доживеа пораз од 2-0 на гостувањето кај Полска и реални ги загуби надежите за пласман на Европското првенство 2020 иако се’ уште постојат математички шанси.

Со овие три бода Полјаците си обезбедија место на континенталниот турнир, а нашиот тим ќе мора да брка две победи во последните две кола, на гости кај Австрија и на домашен терен против Израел, а во исто време да се надева дека Летонија ќе направи сензација против Австријците.

Вечерва на „Националната арена“ во Варшава, домашната селекција заслужено дојде до победата. Полјаците имаа далеку повеќе од играта и при резултат 0-0 два пати ја погодија рамката до голот на Столе Димитриевски, еднаш Пјотр Зјелински, а потоа и Себастијан Шимански.

Измените на полскиот селектор му ја донесоа победата, бидејќи за 1-0 погоди нововлезениот Франковски во 74-тата минута, додека конечните 2-0 ги постави уште резервист, Аркадиуш Милик во 80-тата минута.

ГРУПА Ц
Полска – Македонија 2-0
Словенија – Австрија 0-1
Израел – Летонија (вторник)

ТАБЕЛА
1. Полска 19
2. Австрија 16
3. Македонија 11
4. Словенија 11
5. Израел 8 (-1)
6. Летонија (-1)

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ