Половина од жителите на Данска го следеле финалето на СП

Данците се уште го слават првиот триумф на Светските ракометни шампионати, а медиумите во земјата го објавија историскиот податок дека во еден момент директниот пренос од финалето против Норвешка го следеле три милиони гледачи што е неверојатен рекорд во земјата со 5,7 милиони жители.

Ова е само уште еден од рекордите на првенството кое неодамна заврши, а Мундијалот во Германија и Данска на трибините во арените го следеле скоро 900.000 гледачи.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ