Половина од предметите на СЈО месецов не се одржале

Поротник на боледување, обвинети доцна донесени од притвор, нема кој да пушта „бомби“, отсуство на сведоци или вештак, ова се дел од причините кои ја зголемија стапката на одложени судења за предметите на СЈО месецов. Во пресрета на судската ферија, денеска е последниот ден со закажано судење на календарот на СЈО. Статистиката на Коалицијата сите за правично судење кои ги набљудуваат предметите на СЈО во судница, покажува дека половина од предметите не се одржале.

Во јуни пак 17  рочишта се одржале а 10 се одложиле. 15 наспроти 15 е состојбата за мај за разлика од првите месеци од годината кога процентот на одложени рочишта според статистиката на Коалицијата е под 30 проценти од вкупниот број на закажани.

Зголемувањето на бројот на одложените рочишта се поколпува  со одложувањето на законот за јавно обвинителство со кој се решава статусот на СЈО. Првично беше најавуван до крајот на април но како власта и опозицијата запнаа во преговорите роковите почнаа да се поместуваат. Последно опозицијата најави дека на маса ќе стави нов закон за разгледување а од правда и денеска потврдуваат дека останува сутшинската разлика а тоа е продолжување на почнатите истраги на сјо како и за други прашања поврзани со статусот на СЈО.

Освен тоа каква ќе биде судбината на предметите отворени по јули 2017 и кој ќе го предводи СЈО по септември кога истрекува мандатот на Катица Јанева, еден од предизвиците се и старите предмети. Во октомври застарува делото за екс премиерот Никола Груевски во предметот „Траекторија“ за кинеските автопати. Нему му се суди во отсуство а правниците се скептични дека дотогаш може да заврши и со првостепена пресуда во Кривичниот суд но и со правосилна на Апелација. Од кривичен велат дека има закажано 6 рочишта во септември и октомври.

„Предметот е во фаза на доказна постапка, а судот не може да прејудицира кога ќе заврши предметот со оглед да мора да се изведе обемниот доказен матаријал и да се  сослушаат предложените сведоци од страна на обвинителството. Што се однесува до евентуалното застарување судот секогаш по службена должност или по предлог на странките внимава на рокот за застарување“, велат од кривичен.

Траекторија започна со судење во декември 2017 година а се уште е во фаза кога сјо изведува докази по што ќе треба и одбраната.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ