Половина од фирмите сметаат дека власта недоволно се бори со сивата економија

Дури половината од компаниите во земјава сметаат дека борбата на власта со сивата економија е недоволна, а 32 проценти рекле дека таа е сосема незадоволителна. Најновото истражување на четирите комори со поддршка на УСАИД за 2018 покажува дека овој процент е зголемен во однос на претходните години, па се препорачува како клучна реформа што мора да се преземе, заедно со битка против корупцијата, ефикасен судски систем и еднакви правила на игра.

Речиси на сите дебати и дискусии, секогаш борбата со сивата економија се искажува на прво место, таа најмногу му пречи на оној формален дел од бизнис секторот, претпријатија кои се регистрирани и коиу си ги плаќаат своите давачки кон државата, вели Љубомир Димовски од проектот на УСАИД.

Околу 35 проценти од над 500 фирми кои учествувале во истражувањето рекле дека лани бизнис климатга за инвестирање во земјава била полоша од другите земји на Западен балкан, наспроти 31 отсто во 2017, која се смета за значително подобра. Како причини се наведуваат преговорите за името, но и дебатата за прогресивниот данок, за кој бизнисот не успеа да ја убеди власта да го одложи за 5 години, иакмо прагот на приходи од 60 се зголеми на 90 илјади денари.

На врата на компаниите најчесто им тропале даночните инсперктори од УЈП, а потоа трудовите и пазарните инспектори, главно од еднаш до три пати годишно. Инспекции повеќе оделе во поголемите, отколку во помалите фирми. За инспекторите се вели дека сакале по секоја цена да најдат неправилности кај фирмите, но добро е што се повеќе се опоменува, а помалку се казнува.

Повеќе не се казни, туку опомени, глобите од 53 отсто во 2016 се намалени на 33 и 30 отсто, значи повеќе на опоменување, помалку на казнување, вели Влатко Данаилов од БАСМЕ.

Задоволство на компаниите за бизнис регулативата се уште остава простор за значително подобрување, иако веќе се слуша гласот на бизносот при носење на законите. Лани 43 проценти од фирмите биле вклучени во носењето на бизнис регулативата, наспроти 28 отсто во 2016. Како добар пример се оценува Законот за јавни набавки.

Новиот Закон за јавни набавки овозможува транспарентност, ќе го подобри квалитетот, вели Гречен Биркл, УСАИД.

Се очекува набргу Собранието да ги донесе и законите за практикантсво и супервизија на инспекцџиите, на барање на бизнис заедницата.

Оваа година најекономска , дополнително членство во НАТО и пристапни преговори со ЕУ, ќе ги мотивира претриемачите да ги забрзаат инвесетициите, вели Дрилон Исени, извршен директор на СКСЗМ.

Ова истражување се прави трета година по ред. Лани фирмите до Владата доставиле 38 препораки за подобрување на регулативата.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ