Политичките партии ќе работат со народни пари без отчет пред јавноста?

Пратеникот Артан Груби се повика на препораки на ОБСЕ дека партиите не треба да бидат носители на информации од јавен карактер. Невладините шокирани од предлогот затоа што политичките партии со новиот закон веќе комплетно се финансираат од буџетот наполент со народни пари.

Политичките партии во државата се повикуваат на ОБСЕ и сакаат да ги „сокријат“ парите кои ги добиваат и од донации и од државен буџет. Претседателот на собраниската комисија за европски прашања Артан Груби денеска посочи дека според препораки на ОБСЕ партиите не би требало да се сметаат за иматели на информации од јавен карактер. Тоа го кажа на дебатата за новиот закон за пристап до информации од јавен карактер. Говорот на Груби предизвика шок за присутните невлАдини организации кои сметаат дека парите кои од државна се префрлаат на партиска сметка треба да бидат достапни за јавноста директно од партиите, а не по заобиколен пат преку државни органи.

Наводите на присутните активисти дека партиите се обидуваат да ги сокријат податоците за нив, според пратеникот од ДУИ се всушност обид за дискриминација.

Во небрано се најдоа претставниците на ОБСЕ, тие истакнаа дека предлогот бил од ланската година, од седиштето во Виена препорачале државата да ги собира информациите и секогаш да биде отворена до граѓаните и јавноста и да ги сподели со нив и партиските буџети.

Самиот предлог предизвика контроверзи, а според новите закони партиите во иднина ќе се финансираат комплетно од државен буџет, граѓаните дури ќе им ги плаќаат и изборните кампањи.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ