Поканата за НАТО Владата ќе го слави во 15 града

Во Македонија поканата за пристаони преговори за членство во нАТО ќе се слави во 15 градови, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Прославата која ја подготвува Валада е предвидена за в сабота на 14 јули. Заев утрово на доаѓањето во седиштето на НАТО рече дека од денеска од земјава оди само напред и и честиташе на државата. Заев прито рече дека ова е покана за полноправно членство во НАТО.

„НАТО одлучи да биде врачена покана да станеме 30 членка на Алијансата. Ја добивме поканата да станеме сојузник на најсилните земји на светот. Ова е покана за полноправо членство во најголемиот сојуз за мир и безбедност на меѓународната сцена. Дочекавме уште еден голем ден. Ги остваривме нашите заеднички страшетки цели, нашите заеднички сонови и надежи“, изјави Заев.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ