Подобро протести и затворена улица, отколку сообраќајки: порачаа граѓаните од вториот ден протести во Ѓорче Петров

„Немаме вишок деца за газење“  и „Вози, а не летај“– овие и уште многу други пораки одекнаа на денешниот втор протест на жителите на општината Ѓорче Петров. Со мислите кај повреденото 10- годишно момче кое се опоравува со скршеници на клиниките и со револт кон институциите и општинските власти што не презеле ништо да го спречат дивеењето на улицата „Борис Сарафов“ од несовесните возачи.

 

Честите сообраќајки според жителите се предизвикани од возачите кои прибегнуваат да возат на оваа улица брзо бидејќи нема ниту еден семафор.

На улицата „Борис Сарафов“ од нова година навака полицијата напишала неверојатни 237 и прекршоци за непочитување на сообраќајните правила, а општината не се одзвала на барањето на граѓанските иницијативи да се стави крај на дивеењето на улицата иако добила детален проект.

И, по една година молк, Телма дури денеска налета на екипата на Град Скопје којашто земеше мерки за семафорот. Освен дотраената, несоодветна инфраструктруа, ветените и неисполнети планови за велосипедски патеки на општинарите одговорноста за инцидентите се должи и на несоодветните казни во законот за сообраќај, констатираат од  републичкитот совет за безбдност во сообраќајот, Ристо Манчев.

Протестите во Ѓорче Петров продложуваат се додека не се постави сигнализација, а полицијата продолжи да казнува. 2017-та однесе 155 човечки животи во сообраќајот, а најмногу или 42 на градските улици.

Павле Беловски

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ