ПОДГОТОВКИ ЗА ЕП: СЛОВЕНИЈА-МАКЕДОНИЈА 33-28

Претпоследната контрола или првиот  тест во комплетен  состав,сениорите го завршија со пораз во Словењ Градец.Словенија во дебито на новиот селектор Љубомир Врањеш победи со 33-28.Освен  изедначените, воведни 15-на минути,Македонскиот состав беше во постојана негатива.Финишот на првиот дел  ја донесе и разликата од 19-12 со која Словенија беше комотна до крајот.Селекторот Данило Брестовац  воглавно комбинираше на надворешната линија и ги бараше играчите за ротација.Капитенот Лазаров воопште не влезе на терен.Велковски,Серафимов,Танкоски  покрај Талески и Кузмановски ротираа во нападот на линијата од 9 метри.Нашиот последен тест е на 5.јануари со Црна Гора, по што Данило Брестовац ќе  го одреди конечниот состав кој ќе патува  на ЕП.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ