Под мотото „Остани во чекор“  Танец со  вечерашниот концерт го одбележа 70-годишниот јубилеј

Во чест на сите минати, сегашни и идни генерации чувари на македонското фолклорно наследство првенците, солистите и целиот ансамбл на „Танец“ со музичко-сценски спектакл базиран врз поновиот репертоар го прославија јубилејот 70 години постоење.

Во изминативе седум децении Танец не само на домашната сцена, туку во светски рамки со над 4500 концерти го презентираше нашето богато и разнолико фолклорно наследство.

Во рамките на вечерашната свеченост награди за особен придонес во развојот на ансамболот „Танец“ им беа врачени на луѓето кои раководеа со него низ годините: Бошко Тренески, Томе Димишковски, Марко Коловски, Зоран Џорлев и на Атанас Коларовски, првиот играорец во Танец.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ