Почнува разврската на ЕП во ракомет директни преноси на Телма

На Европското првенство во ракомет во женска конкуренција што се одржува во Франција на програмата се полуфиналните мечеви кои ќе можете да ги следите низ директни преноси на на Телма.

Од 17 часот и 30 минути во арената Берси во Париз, репрезентацијата на Русија, која според прикажаната на игра на шампионатот е главен фаворит за златото се среќава со селекцијата на Романија. Русинките супериорно го освоија првото место во групата во главната рунда додека Романија беше подобра во кругот со Норвешка и Унгарија и обезбеди пласман во полуфиналето.

Огромен хендикеп за Романките е фактот дека до крајот на првенството нема да имаат помош од првата ѕвезда во составот Кристина Неагу, која во последниот натпревар од главната рунда се повреди и ќе паузира најмалку шест месеци.

Во второто полуфинале домаќинот Франција за противник ја има Холандија. Во репризата од полуфиналето на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, Французинките веруваат дека ќе ја искористат предноста на домашниот терен и по златото на Мундијалот ќе се искачат и на највисокото место на подиумот на континенталниот шампионат. Почетокот на второто полуфинале е закажано за 21 часот.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ