Почна седницата за разрешување на Мизрахи

Во Собранието почна собраниската седница за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски кој го достави до Собранието предлогот за нејзино разрешување рече дека сите министри треба да ги почитуваат Уставот и законите.

Спасовски додаде дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да предложи нов министер на нејзино место.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски побара стенограми од говорот на Спасовски кои треба да покажат дали во образложението за оставката на Мизрахи го користел името Република Македонија.

Мицевски побара се повлече разрешувањето на Мизрахи и побара да биде разрешен и Спасовски.

Мизрахи која е во техничката влада е предлог на ВМРО-ДПМНЕ одбива да го користи уставното име на државата. Таа,  одбива да се појави јавно пред паното со новото уставно име користејќи ја старата табла со старото уставно име.

За нејзиното однесување до македонското Министерство за надворешни пристигна и вербална нота од Грција.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ