Почина жената која беше тешко повредена во верижниот судар

Почина жената која беше тешко повредена во верижниот судар, на автопатот Велес – Скопје, што се случи утрово околу 8 часот. 38-годишната жена почина нешто по 15 часот, на КАРИЛ, поради тешки повреди на главата. Лекарите велат дека била под постојан надзор, но не успеале да ја спасат.

Во сообраќајката полесно се повредени уште тројца патници, а во верижниот судар учествуваа вкупно шест возила. Се уште се утврдува причината за несреќата, но засега се знае дека коловозиот бил подмрзнат и видливоста била намалена.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ