Почина Стивен Хокинг, еден од најголемите умови на денешнината

Најпознатиот физичар на светот, професорот Стивен Хокинг почина на 77-годишна возраст во својот дом во Кембриџ, Велика Британија. Хокинг починал мирно, рано утрово, со неговото семејство до него.

Прославениот британскиот научник беше најпознат поради својата работа на теоријата за црните дупки и релативитетот, откритието дека тие емитуваат радијација која во негова чест беше наречена т.н. „Хокингова радијација“. Тој беше првиот што ја постави теоријата за космологијата како комбинација на релативитетот и квантната механика.

Хокинг страдаше од Аморфна латерална склероза која му била дијагностицирана во детството и го остави речиси целосно парализиран во подоцнежниот живот.

Покрај истражувачката работа, беше и автор чиј лициден стил на опишување на мистериите на вселената, времето и црните дупки, ја направи неговата книга „Кратка историја на времето“ меѓународен бестселер а Хокинг најголемата научна ѕвезда по Алберт Ајнштајн.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ