Почина скулпторот Боро Митриќески

На 91 година, денеска почина академик Боро Митриќески, еден од реформаторите на домашното пластично скулпторство, соопштија од МАНУ. Во неговото богато портфолио влегуваат над 350 дела, меѓу кои има фигури, актови, композиции, торза, портрети и други творби кои претставуваат трајна вредност и наследство во македонското вајарство, од изминативе шест децении.

Академик Митриќески е роден во Прилеп. Првите искуства за вајарството ги стекнал од Димо Тодоровски, а дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Загреб. Потоа работел како ликовен педагог и бил директор на Уметничката галерија „ Даут пашин амам“ . За својата работа Боро Митриќески освоил повеќе награди и признанија, меѓу кои се  „ 11 Октомври“, „ Нерешки мајстори“ и др.

Погребот на академик Митриќески ќе се одржи во понеделник, во 13 часот на градските гробишта „ Бутел“, а неговите посмртни останки ќе бидат изложени во Капелата од 12 и 30 часот. Комеморативна седница за академик Митриќески, МАНУ ќе одржи истиот ден, со почеток од 10 часот.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ