Почина Летечкиот Финец, Мати Никенен

Утрово на 56 годишна возраст почина еден од најдобрите ски скокачи на сите времиња, Мати Никенен.

На големите натпреварувања има освоено 19 трофеи, во текот на кариерата три пати беше најдобар на Олимписките игри, а пет пати го освои златото на светските шампионати.

Никенен на 18 години во Холменколен го освои првиот трофеј на Светските првенства, а беше и првиот скокач кој на Олимписките игри освои три злата. Подвигот го забележа во 1988 година во Калгари.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ