Почина Алексеј Леонов, првиот човек што шеташе во вселената

Алексеј Леонов, првиот човек што шеташе во вселената уште во 1965 година, почина денеска во Москва, на 85-годишна возраст.

Тој ќе биде погребан на Федералните воени гробишта на 15 октомври.

Леонов двапати претстојуваше во вселената, при што летовите траеја вкупно седум дена.

За време на неговиот прв лет во 1965 година, тој влезе во историјата како прв човек што шетал во вселената, каде мина 12 минути.

За време на вториот лет, во 1975 година, тој беше командант на екипажот што учествуваше во меѓународна мисија што слета на вселенското летало Сојуз-19 и американскиот Аполо-18.

Леонов требаше да биде првиот астронаут од Советскиот сојуз кој слетал на Месечината, но таа мисија беше откажана. 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ