ПОБЕДНИЧКИ СТАРТ НА МАКЕДОНИЈА,38-29 ПРОТИВ ЈАПОНИЈА

Македонија ја победи Јапонија со 38-29 во првиот настап во 26-то  Светско првенство и ја продолжи традицијата на успешен,од денеска и најубедлив старт на мундијалите. На воведниот меч од групата Б во Минхен,нашите репрезентативци ја решија енигмата Јапонија,брзата незгодна селекција под водство на трофејниот Дагур Сигурдсон.

 

Во Олимпија Хале,македонскиот  тим предводен од селекторт Раул Гонзалес  ја   контролираше  играта.18-13 на полувремето и на крајот  триумф од 9 разлика.Голманот Борко Ристовски запре 20 удари на јапонците,во офанзивата деветтмина играчи во жолто-црвениот дрес постигнаа голови,преводени од Кире Лазаров кој 8 пати ја погоди  противничката мрежа,по 7 реализираа Манасков и Стоилов,Кузмановски заврши со 4 голови ,по три постигнаа Талески,Поповски и Пешевски.Пред  македонските репрезентивци е ден одмор и можност за корекции.Задутре претстои мечот со Бахреин,а потоа во судирите со Хрватска ,Шпанија и Исланд,  од 14 до 17 јануари ќе се бара шансата и потребните бодови за пласман во втората фаза која отвара можности и за олимписки квалификации

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ