Победи на Шифрин и Клемен за крај на сезоната

Денеска во Андора заврши Светскиот куп во скијање, а на последните трките тримуф на Микаела Шифрин во женска и Ноел Клемен во машка конкуренција.

На последниот велеслалом сезонава триумф на Микаела Шифрин која имаше вкупно време од 2 минути 23 секунди и 17 стотинки и за 30 стоти дела беше побрза од Елис Робинсон од Нов Зеланд додека трета е Петра Влхова од Словачка. За Американката ова беше вкупно 17-ти триумф сезонава и во нејзини раце завршија четири трофеи.

Французинот Клемен славеше на последниот слалом. Тој за 18 стоти дела беше побрз од Мануел Фелер од Австрија додека на третото место се пласираше Швајцарецот, Даниел Јуле. Сезоната во машкиот дел од Светскиот куп мина во знакот на Марсел Хиршер, кој покрај триумфот во генералниот пласман ги освои малите кристални глобуси во слалом и велеслалом.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ