ПОБЕДА ЗА ХАМИЛТОН,КАЗНА НА ФЕРСТАПЕН

Луис Хамилтон ги издржа притисокот и после 78 кругови низ улиците на Монте Карло се избори за 4. победа сезонава ,втора по ред откако пред две седмици беше најбрз и во Барселона.Пилот на Мерцедес максимално го искористи стартот од пол позиција финиширајки низ целта пред Макс Фестапен,но холанѓанецот  од Ред Бул заработи казна од пет секунди поради    непрописен излез  од  пит стопот и заврши на 4.место.Себастијан  Фетел од Ферари и клупскиот колега на Хамилтон,Валтери Ботас се најдоа покрај  актуелниот Светски шампион на подиумот во Монако.Во пласман  за бодови влегоа уште Гасли,Сајнц,Квјат,Албон ,Ријкардо и Грожан.Британецот  се оддалечи на 17 бодови од Ботас во поредот на возачите и на 55 од Фетел кој е на третата позиција. 77-та  победа  во кариерата  и трета во Монте Карло,Хамилтон му ја посвети на поранешниот светски шампион Ники Лауда кој почина  пред Гран При викендот во Монако  на возраст од 70 години.Следната 7.трка од сезоната ќе се вози на 9. јуни во Канада.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ