По три часа разговори – Заев и Мицкоски се согласија само дека СЈО е мртва институција

Разговорите Заев – Мицкоски кои траат веќе три часа засега се без резултат. Премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преговараат за законот за јавно обвинителство, за чие усвоување е непоходно да гласаат две-третини од пратениците.

Според информациите на Телма, засега нема суштински напредок во преговорите и разликите меѓу двете страни остануваат силно изразени.

Единствено што досега се согласиле двете страни е констатацијата дека СЈО е завршена работа и мртва институција.

По паузата, преговорите продолжуваат а изјави од Заев и Мицкоски се очекуваат по нивниот крај.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ