По киксот на кариерата Фетел му го препушти првото место на Хамилтон

Луис Хамилтон направи голем подвиг по катастрофалната грешка на неговиот главен ривал Себастијан Фетел во Хокенхајм на 11 трка во формула еден шампионатот за Големата награда на Германија. Иако стартуваше од 14 позиција, возачот на „Мерцедес“ на крајот обезбеди триумф, четвртти сезонава или вкупно 66 во кариерата со кој одново се врати на врвот од Генералниот поредок.

Актуелниот првак ја изненади домашната публика која очекуваше Фетел да се најде на врвот откако стартуваше од полпозицијата. Сепак, возачот на Ферари разочара и не успеа да мине низ целта бидејќи во 52 круг направи голем кикс по кој заврши во заштитната ограда и го испушти првото место.

Еден два победата на „Мерцедес“ ја комплетираше Финецот Валтери Ботас, кој имаше 4, 5 секунди послаб резултат, додека на третата позиција од победничкиот подиум се искачи неговиот сонародник Кими Раиконен на „Ферари“.

Веднаш зад најдобрата тројка заврши Холанѓанецот Макс Верстапен на „Ред Бул“ а по него за бодови од германското Гран при се изборија, Германецот Нико Хулкенберг на „Рено“, Французинот Себастијан Грожан на „Хас“, потоа двајцата пилоти на „Форс Индија“, Мексинаецот Серхио Перез и Французонот Естебан Окон. Швеѓанецот Маркус Ериксон на „Заубер“ е деветти додека возачот на „Торо Росо“, Брендон Хартли од Нов Зеланд мина низ целта како десетопласиран.

Хамилтон го превзеде водечкото место во Генералниот пласман со 188 бодови, 17 повеќе од второпласираниот Фетел. Раиконен е трет со 131 бод.

Следната трка е на програмата за седум дена кога пред летната пауза на 29 јули на патеката „Хунгароринг“ ќе се вози за Големата награда на Унгарија.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ