ПМФЛ :СЕЗОНАТА ПО СКРАТЕН СИСТЕМ ИЛИ СО ЦЕЛОСЕН ПРЕКИН

На денешната средба  на тренинг центарот ,,Петар Милошевски’’ помеѓу раководството на ФФМ и  претставниците на 10-те прволигаши,оценето е дека поради  органичената временска рамка нема услови да се одиграат сите преостанати натпревари до крајот од тековната сезона (13. натпреварувачки кола и ½ финале и финале од Купот на Македонија). По добивањето на протоколот за заштита од Корона вирус CoVid-19, Федерацијата и клубовите ќе излезат со заеднички став околу евентуалното продолжување на првенството во скратен формат или целосен прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020-истакнуваат од ФФМ.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ