Пивара Скопје започнува со одбележување на 95 години СКОПСКО – носечкиот бренд во своето пивско портфолио

Пивара Скопје лансираше нова комуникациска платформа со која започнува одбележувањето на 95-годишнината на носечкиот бренд во своето пивско портфолио. Со неа, СКОПСКО потсетува на својата автентична вредност која ја поседува уште од 1924 година – да биде еден вид специјална нитка која ги поврзува луѓето.

СКОПСКО поседува особина да им помага на луѓето полесно да ги надминат разликите, да го пронајдат она што ги спојува и да креираат заеднички моменти на среќа и радост. Сметавме дека 95-годишнината е одлична можност одново да го истакнеме ваквиот уникатен карактер на СКОПСКО и неговата моќ да го поттикне заеднитвото и да ги потсети луѓето на најдоброто што го нуди животот, објаснува Надица Николоска, бренд-менаџерка во Пивара Скопје.

Преку континуираните вложувања и новините што ги воведе на пазарот во изминатите 95 години, СКОПСКО значајно придонесе за развојот на пивската култура и на домашната пивска индустрија во целина, велат од компанијата. Дополнително, за високата репутација што ја има СКОПСКО придонесува и поддршката што брендот со децении ја обезбедува за развојот на спотот, културата, уметноста и останатите значајни општествени сегменти.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ