“ПЕТРУНИЈА” освои уште една награда за најдобро сценарио

“Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска продолжува да го освојува светот. На штотуку завршениот 15 филмски фестивал Евроазија во Казахстан “Господ постои, името ѝ е Петрунија“, ја освои наградата за најдобро сценарио, која ја делат сценаристите, Елма Татарагиќ и Теона Стругар Митевска, која воедно е и режисер на филмот. Во конкуренција со побединкот од Кан, кореанскиот “Паразит” и други врвни филмски остварувања, со уште едно признание “Петрунија” дефинитивно се наметнува како еден од најуспешните филмови оваа година, велат од Продукцијата Митевски.
 Во месец јули “Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе биде прикажан на седум фестивали, а ќе започне и кино дистибуцијата на филмот во Кина. “Петрунија” за половина година веќе ја заобиколи планетата и веќе се здоби со шест награди и ќе биде дистрибуиран во над триесет и пет земји низ целиот свет. Во моментов сеуште се прикажува во киносалите низ Франција и Швајцарија веќе дванаесета недела, а веќе е прикажан и на триесетина фестивали, додаваат од Продукцијата Митевски.
Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ