Петооделенец згазен на пешачки во Ѓорче Петров- жителите бараат безбеден сообраќај на кобната улица

Десетгодишно дете попладнево е прегазено на улица Борис Сарафов во Ѓорче Петров во Скопје додека ја минувало улицата на обележан премин, тврдат очевидци за Телма.

Полицијата врши увид на местото на несреќата,која се случила околу 19 часот кога автомобил опел астра удрило десетгодишно дете на улицата. Повреденото дете е префрлено во болница и првичните информации се дека се здобило со телесни повреди.

Очевидците кои ги затекна Телма на местото, тврдат дека несреќата се случила пред основното училиште Мирче Ацев.

-Возачот се обиде да ги избегне линиите кои се поставени за да го успорат сообраќајот, а 5-тооделенецот ја поминуваше улицата на преминот. Го удри само неколку моменти пред да стапне на тротоарот, тврдат локални жители кои го гледаа полицискиот увид кој во тоа време проверуваше дали има траги од кочење.

Автомобилот се движел од правец на Ѓорче Петров кон центар.

Повеќе десетици жители од населбата се собраа и протестираа барајќи побезбедни услови за сообраќајот. Велат дека и натаму остануваат на несиполнетото барање, општината да постави светлосна сигнализација односно семафори на кобното место, каде често се случуваат сообраќајни незгоди.

Со семафори на улицата, сообраќајот ќе се одвива побезбедно, а ќе се зголеми и сигурноста на жителите и на учениците од основното училиште, објаснуваа насобраните граѓани.

Граѓаните ја блокираа улицата со контејнери и во моментот на улицата трае увид, а сообраќајот по улицата Борис Сарафов е во прекин.

На фотографијата доле е местото на несреќата (одбележано со црвено). Детето е прегазено пред училиштето.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Македонија

Средба Заев – Пенс: Честитки за одговорната одлука за договор со Грција, догодина заедно ќе го прославиме членството во НАТО

Охрабрувачки пораки за одговорноста и одлучноста при постигнувањето на договорот со Грција упати Потпретседателот на...