Пендаровски во предност пред Силјановска

Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски води со 3,7 процентни поени разлика пред претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, додека третиот претседателски кандидат- Блерим Река со стабилна поддршка од 11 отсто – покажува новата анкета по нарачка на Телма, изработена од Институтот за демократија Социетас Цивилис во Соработка со МЦМС, спроведена телефонски  во период од 07.04 до 11.04.2019 на репрезентативен промерок  од 967 испитаници. За Стево Пендаровски се 27,2  процентни од испитаниците, за Гордана  Силјановска 23,5 , а за  Блерим Река 11 отсто од испитаниците.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ