Пендаровски во Минхен на средби со Трудо, Науседа и Додон

Претседателот Пендаровски, денеска во Минхен, на маргините на 56-тата Минхенска безбедносна конференција, оствари билатерални средби со со премиерот на Канада, Џастин Трудо, со претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, со претседателот на Молдавија, Игор Додон.

На средбите на претседателот подвлече дека за нас е клучно што поскоро државите членки на ЕУ да се усогласат за новата методологија за преговарање и нашата држава да добие датум за почеток на преговорите за време на хрватското претседателство со Европската Унија. На средбата со премиерот на Канада, Џастин Трудо беше истакнато дека  членството на Северна Македонија во НАТО ќе придонесе за безбедност, стабилност и просперитет на целиот регион и се заблагодари за ратификацијата на Протоколот за членство од страна на канадскиот парламент.

 

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ