Пендаровски: Дефинирани се уште локации како „Пепелиште“ на Криволак

Доколку бројот на лица кои се враќаат во Македонија од високоризичните земји зафатени со коронавирус се зголеми има други локации како касараната „Пепелиште“ на Криволак каде тие ќе бидат испратени во изолација, соопшти претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Топ Тема“.

„ Дефинирани се уште две три локации како „Пепелиште“ кои ќе бидат ставени во употреба  доколку се зголеми бројот на лица кои мора да бидат во карантин. Локациите засега не можам да ви ги откријам“, рече Пендаровски.

Во моментов во касараната „Пепелиште“ на армискиот полигон Криволак, се спроведува група од околу 200 македонски дрѓавјани кои се враѓаат од високо ризични региони во Италија и Австрија. Тие пристигаат на граниниот премин Деве Баир од каде организрано се транспортираат кон Криволак.

Таму се испратени повеќе медицински тимови епидемиолози и инфектолози кои ќе ги тестираат лицата во карантин, како и припадници на армијата.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ