Партијата „Слуга на народот“ на комичарот Зеленски апсолутен победник на изборите во Украина

Налик на шоу програма, со одбројување, вака во Украина беа дочекани изборните резултати според кои апсолутен победник е партијата Слуга на народот на комичарот Зеленски која освои 44 % од гласовите. Уште четири партии го поминаа прагот од 5% за влез во државната Рада.

  • Им честитам на сите за овој “кул“ резултат, моќен и симболичен. Седумдесет и три проценти би бил подобар резултат, но за мене лично и на сите вас им заблагодарувам на Луѓето во Украина за големата доверба, за големата доверба кон Слуга на народот, изјави Володимир Зеленскии, украински председател.

Лидерот на партијата Разуков вети остварување на ветеното и исполнување на задачите на кои се обрзаа пред Украинскиот народ.

  • Навистина се надевам дека ќе успееме да почнеме да остваруваме се што ветивме во текот на пролетта во најкраток рок. Влегуваме во парламентот во нашиот обединет тим. Ќе ги консолидираме напорите и ќе почнеме да ги исполнуваме задачите на кои не обврза украинскиот народ, рече Дмитриј Разумков, лидер на Слуга на Народот.

Приоритет на новата влада е борбата против корупцијата  и ставање крај на борбите на истокот на змејата, кои траат веќе пет години. Јавноста веќе не им верува на старите политички структури но дел се скептични и кон пресвртот кој се случи на политичката сцена- но, тоа е демократија.

  • Навистина сум возбуден поради резултатот бидејќи владеачката партија, на претседателот на Украина, која ја поддржувам искрено – победи на изборите, би рекол тоа е резултатот којшто го очекуваше цела Украина, изјави Ростислав Лиутов, студент.
  • Не сум многу среќен, бидејќи оваа партија – Слуга на надорот, јас не ја сваќам, самата партија и луѓето кои и се придружија. Тоа е темен коњ. Но драго ми е што парламентот ќе има проевропски правец, потенцираше Олександр Хабелко, менаџер за продажба.

Радикалите и проруските сили се најголемите губитници на овие избори. Поразителни резултат извлекоја и Јулија Тимошенко со нејзината „Татковина“, како и партијата „Европска солидарност“ на поранешниот претседател Петро Порошенко. Иако најавуваат силна опозиција новата влада има сигурна година пред себе.

  • Една компонента на парламентарниот систем на новата влада, новата Рада, е тоа што нема да биде распуштена најмалку една година. Така што луѓето кои се бираат денеска ќе имаат најмалку една година да ги поместат работите во украинската политика, борбата против корупцијата или било што за Зеленски е заинтересиран, вели професорот Јувал Вебер.

Поранешниот комичарот Зеленски, чија партија го доби името според неговото шоу Слуга на народот веќе го повика Свијатослав Вакарчук, поранешна рок ѕвезда и неговата партија „Глас“ за коалиционен партнер во владата, која е соочена со сериозни задачи решение на конфликтот со Русија и сепаратистите во Донбас, како и непотизмот на супермоќните украински олигарси.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ