Партијата на Зеленски води на изборите во Украина, тој ја повика рок ѕвездата Вакарчук за партнер во владата

Партијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, според првичните резултати, e победник на парламентарните избори во земјата.

Поранешниот комичар Володимир Зеленски во април беше избран за претседател но не успеа да назначи министрите по негов избор поради распоредот на силите во парламентот. Затоа тој свика предвремени парламентарни избори.

Партијата на Зеленски „Слуга на народот“ е именувана според неговото телевизиското шоу. Веднаш по објавените анкети според кои води неговата партија, тој изјави дека сака да ја повика партијата „Глас“, кој ја предводи рок ѕвездата Свијатослав Вакарчук, на разговори за да формираат коалициска влада.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ