Партиите со различни ставови за рејтингот на претседателските кандидати, аналитичарите оценуваат дека вториот круг ќе биде решавачки

Во Топ Тема на ваша страна, вечерва беа претставени резултатите од анкетата на јавното мислење, која за потребите на Телевизија Телма ја изработија Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија Социетас Цивилис, според која кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски има водство од 3,7 процентни поени пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Во дебатата учествуваа Генералните секретари на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Александар Кирацовски и Игор Јанушев, како и Сашо Клековски од МЦМС и новинарот Зоран Димитровски.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ