Партиите се за компромис, но далеку од договор

Никој не знае кога би се одржала нова лидерска средба иако сите ја посакуваат. Претседателот на државата чека лидерите да ги приближат ставовите, тие, пак, велат дека се подготвени за компромис, но се чини дека се далеку од договор за датум за предвремени избори. Техничкиот премиер е оптимист дека ќе се најде решение.

Опозицискиот лидер останува на ставот дека, по завршувањето на вонредната состојба на 30 мај, треба да поминат 60 дена до одржување на изборите, што се совпаѓа со термините што ги предлагаат, на крајот на август.

Од ДУИ велат дека за нив последната лидерска средба не била неуспешна, туку почнала дебата која треба да заврши со компромис.

Министерот за здравство вели дека изборите би биле безбедни по здравјето ако се почитуваат мерките.

Од партиите негираат дека во меѓувреме водат тајни преговори, како и дека има потреба од вмешување на меѓународните институции.

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ