Парите од праскијадата во Градскиот парк ќе се користат за диструбуција на храна до социјално загрозените граѓани

На Хуманитарна праскијада во Градскиот парк беа понудени праски и производи од праски, а средствата од нивната продажба ќе бидат наменети за финансиска поддршка на диструбуција на храна до социјално загрозените граѓани.

Оваа манифестација, според организаторот Блаже Јосифов, од една страна е можност и иновативно решение како земјата да се справи со вишокот праски од производителите, а воедно да им се помогне на ранливите категории на граѓани.

Граѓаните можеа да купат донаторска карта со симболична цена од 50 ден со која можеа да изберат некој од производите. Симболична цена, која за некои ќе донесе оброк.

Елена Митева

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ