Парис со триумф во Солдеу и малиот кристален глобус во супервелеслалом

Доминик Парис триумфираше на супервелеслаломската трка во Солдеу и  го обезбеди малиот кристален глобус во оваа дисциплина. Кај скијачките, славеше Викторија Ребензбург, додека титулата во супервелеслалом за прв пат во својата кариера ја освои Микаела Шифрин. Со овие трки денеска и официјално заврши сезоната во светскиот скијачки куп.

Парис вчера славеше во спуст во ски-центарот во Андора, а денеска повторно беше најбрз и во супервелеслалом со време од 1:20, 42 минути. Второто место со 15 стотинки заостанување го освои Швајцарецот Мауро Кавизел, додека трет беше Винсент Крихмајр од Австрија. Со оваа победа, Парис ја обезбеди својата прва титула во супервелеслалом и воопшто во кариерата со 430 бодови, пред Крихмајр со 346 и Кавизел со 324 бодови.

Германката Викторија Ребензбург победи во женска конкуренција и тоа со време од 1:23, 91 минути. Второто место го освои Тамара Типлер од Австрија, а на подиумот се искачи и Италијанката Федерика Брињоне. Микаела Шифрин денеска финишираше како четврта, но и овој пласман и ја донесе титулата во супервелеслалом. Таа претходно ги обезбеди и титулите во слалом, како и големиот кристален глобус во генералниот пласман.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ