Парис го освои златото во супер џи на СП во Аре

Доминик Парис е новиот светски првак во супер велеслалом, откако денеска го освои златниот медал на скијачкиот мундијал, што се одржува во Аре, Шведска.

Парис стигна до победа во супер џи, што е прв вакво успех за Италија по 2011 година. Тој тргна по стапките на Криштоф Инерхофер, кој го осови златото за Италија во Гармиш-Партенкирхен пред осум години. Ова е втор медал за Парис на Светските првенства по среброто што го освои во спуст во Шладминг во 2013 година.

Италијанецот до првото место дојде со време од 1 минута, 24 секунди и 20 стотинки и за малку беше побрз од Јоан Клари од Франција, додека бронзениот медал му припадна на Австриецот Винсент Крихмајр.

Утре на Светското првенство нема официјални натпревари, туку само тренинг во спуст, а веќе во петок ќе се вози алпска комбинација во женска конкуренција.

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ