ПАРИС ДОМИНИРА ВО КВИТФЈЕЛ

Доминик Парис втор ден по ред победува во трка за СП во алпско скијање.После вчерашниот триумф  во спуст,29 годишниот италијанец денеска беше најбрз и на супервелеслаломот во норвешки Квитфјел.Парис беше за  43 стотинки побрз од домашниот скијач Кјетил Јансруд и за 60 стотинки подобар од швајцарецот Беат Фојц.Со третата победа во кариерата од супер-џи, втора сезонава,италијанецот има 44 бода повеќе од Винсент  Крихмајер во поредот за малиот кристален глобус во дицсиплината.Австриецот денеска беше 4-ти.Насловот во супер-џи ќе се решава во Солдеу ,на завршниот викенд од сезоната во Светскиот куп,каде Марсел Хирешер се очекува да ја потврди доминацијата во генералниот пласман.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ