Пандев: Со помош на навивачите да се радуваме на победа

Утре во Скопје, македонската фудбалска репрезентација ќе го одигра дуелот против Полска, еден од фаворитите за освојување на највисок пласман во квалификациската група за пласман на Европското првенство.

“Атмосферата е одлична, се подготвуваме добро и знаеме дека ни следат два тешки натпревари. Сепак, концентрирани сме само на натпреварот против Полска. Овој натпревар треба да ни го покаже патот во квалификациите. Ако ги победиме можеме да се квалификуваме на Европско првенство. Но, знаете каков тим и какви поединци имаат Полјаците во своите редови. Со помош на публиката можеме да се радуваме. Оваа генерација е зрела, најдобра со која сум играл во репрезентацијата и овие натпревари се вистински да го покажеме квалитетот и нашиот нов победнички менталитет”, рече капитенот Горан Пандев.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ