ПАЛЕРМО СЕ ’’ИЗВЛЕЧЕ’’ ОД БАНКРОТ

Италијанскиот фудбалски клуб Палермо се спаси од банкрот и преселба во понизок ранг откако доби партнер во локалната фамилија Мири.Во соопштението на клубот од Сицилија ,претсeдателот Рино Фоски укажува дека Палермо  отвара нова ера со  стабилен партнер во борбата за кам бек во Серија А. Во Палермо настапуваат македонските репрезентативци,Александар Трајковски и Никола Несторовски.Екипата е на 2.место во Серија Б со бод помалку од Бреша.Во наредното коло,Палермо ќе гостува кај Кротоне.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ