Паѓа бројот на болни од грип

Опаѓа бројот на луѓе коишто се заразиле со вирусот на грип. Ова го потврдија од Институтот за јавно здравје.

Тие денес го објавија редовниот извештај, а во него запишале дека за една недела има 202 новозаболени, што е за речиси 30% помалку од претходната недела.

Минатата недела немало новопчинати од компликации од вирусот. Досега, во сезоната 2018/19 регистрирани се вкупно 28 смртни случаи асоцирани со грип, на возраст од 5 до 86 години.

Вкупно 21.000 пациенти се разболеле од вирусот.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ