Падна договор: Наставниците ќе имаат зголемување на платите од 1 јануари

Падна договор меѓу СОНК и министерството за образование. Зголемување на платите за 10% ќе има од 1 јануари 2020, а не од април, како што нудеше Владата. Министерот за образование, Арбр Адеми по денешниот состанок рече дека со ова се враќа дигнитетот на професорската дејност.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков рече дека конечно нивното барање е прифатено, но и дека следат нови рунди преговори во иднина за нови прашања кои, како што рече се отворија во текот на „овој мачен и теѓок период на преговори“.

СОНК вчера одлучи да го стави во мирување претходно најавениот штрајк, предвиден за понеделник, додека не се усогласат околу терминот за исплата на повисоки плати.

Од август 2018 до сега, платите во образованието беа зголемени за 10, 8% и со новите 10%, СОНК ќе се приближи до над 21% од бараните 25, кои ги темелат на истиот % на зголемување на минималната плата во државата, во последниве години. Поради неисполнетите барања, СОНК  одржа предупредувачки протест на 2 септември.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ