Отворена изложбата „Мустаќлии“ во Националната галерија на Македонија

Визуелен знак, симбол кој не е за потценување кога зборуваме за портретната уметност низ вековите до денес.

Мустаќите не се само украс на лицето, туку и „визуелен идентитет” на голем број мажи низ вековите, постепено се создале различни модели и стилови на мустаќи, кои прилегаат на различни облици на лицата, на различни темпераменти, табиети, карактери, вели Владимир Мартиновски. 

Во поставката се опфатени над 50 дела меѓу кои делата на Димитар Папрадишки, Димитар Пандилов, Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Томо Владимирски, Василе Поповиќ Цицо, Димо Тодоровски, Реџаи Исени и многу други.

Со изложбата „Мустаќлии“ во Мала станица која ќе биде отворена за посетителите до 10 декември Националната галерија на Македонија се приклучува кон одбележувањето на ноември, месецот за подигнување на свеста за машкото здравје.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ