Осминафиналето против Португалија во живо на Телма

Македонската машка ракометна репрезентација до 19 години утре од 20 часот и 45 минути против Португалија ќе одигра осминафиналниот дуел на Светското првенство што се одржува во Скопје. Настапот на нашите ракометни надежи ќе можете го следите низ директен пренос на Телма.


Избраниците на селекторот Данило Брестовац со пласманот меѓу шеснаесете најдобри ја исполнија првата цел, а сега во мечот со најпријатното изненадување Португалија ќе се обидат да влезат во втората елиминациска рунда на Мундијалот.


Нашите ракометари во првиот дел од турнирот забележаа две победи во соочувањата со Бахреин и Нигерија, а беа поразени во дуелите против Аргентина, Данска и Јапонија.


Натпреварот се игра во ВИП Арената Борис Трајковски, а влезот за сите заинтересирани е слободен.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ