Османи бара да не се нарушува балансот од Законот за јазици

Двојазичноста во судството не треба да се сопре туку да се градат административни капацитети за нејзино целосно воспоставување. Ова е ставот на министерот Бујар Османи, кој тврди дека Венецијанската комисија го омекнала првичниот став откако тој и ги презентирал аргументите базирани на Рамковниот договор.

 Според него, позитивно е мислењето и за двојазични банкноти и униформи во војската, за што треба да уследи конкретен договор.

  Османи предупредува дека било какво еднострано менување на законот за јазици ќе значи губење на балансот и враќање на периодот пред Рамковниот договор.

„Ова не е прашање што треба да ја подели државата“, вели заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска и бара да се почека целиот текст од мислењето на европските експерти.

ВМРО ДПМНЕ бара почитување на Уставот и на Венецијанската комисија.

Законот беше донесен во јануари со повторно гласање во Собранието. Истовремено, Владата побара стручно мислење од експертите на Советот на Европа со договор меѓу коалициските партнери дека тоа ќе се почитува. За премиерот Заев, тоа значи одложување на паралелната употреба на албанскиот јазик во судството, а за ДУИ, проширување на двојазичноста.

Соња Николовска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ