ОСАКА ГО ОСВОИ ГРЕН СЛЕМОТ ВО МЕЛБУРН

Наоми Осака го освои Грен слемот АО.21 годишната тенисерка од Јапонија по втор пат во кариерата стигна до престижна титула.Во 2018  Осака триумфираше на УС Опен и денеска во Мелбурн му се радуваше на трофејот откако со 2-1, по сетови 7-6,5-7 и 6-4 ја порази Петра Квитова.Тенисерката од Чешка успеа да спаси три меч топки во вториот сет при водство на Осака од 5-3,потоа и со голем  пресврт да изедначи на 1-1.Во решавачкиот сет,јапонката повторно влезе во ритам на Род Лејкер арената,направи ран брејк и ја зачува предноста до крај за 6-4.Наоми Осака допатува во Мелбурн како 4. носителка.Од понеделник,  таа ќе биде новиот број 1 на ВТА листата  пред Квитова, а лани беше на 72.место .Во машкото финале на Австралија Опен,утре ќе играат првиот и вториот носител, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ