Општинските инспектори во потрага по потенцијалните загадувачи на воздухот во Струмица

Општинските инспектори ги бараат потенцијалните загадувачи на воздухот во Струмица. Четврти ден се контролираат стопанските субјекти но и домаќинствата и кај некои од нив веќе се забележани неправилности.

Проблемот со аерозагадувањето во Струмица стана топ тема пред десетина дена кога Министерството за животна средина постави мерна станица и првичните резултати покажаа енормно загадување и ја ставија Струмица на врвот најзагадени градови во државата.

Потоа од министерството смируваа дека станува збор за пробни мерења кои не се веродостојни и рекоа дека станицата ќе биде во употреба за две недели.

Во меѓувреме локалната власт реши да се засили инспекцискиот надзор во градот.

Струмица ќе добие и втора мерна станица, од лабораторијата Амбикон, изработена од научниците при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Струмица. Станицата е готова но се уште не е утврдена локацијата на којашто ќе биде поставена.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ